Град Скопје

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

10.06.2026 15:25

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, стои во соопштението на Град Скопје.