Свет

Антиимиграциски протести и насилства во Северна Ирска по нападот со нож во Белфаст

10.06.2026 20:48

Бран антимигрантски немири избувна во Северна Ирска по бруталниот напад со нож врз маж во Белфаст, за кој е обвинет 30-годишен Суданец, барател на азил. Додека демонстранти палат автомобили и објекти низ британските градови, властите апелираат на смиреност и бараат да не се шират дезинформации и снимки од нападот...

Антимигрантски протести и насилства избувнаа во Северна Ирска по нападот со нож врз маж во Белфаст, за кој е обвинет 30-годишен Суданец што побарал азил во Велика Британија. Маскирани демонстранти палеа куќи, автомобили, автобуси и барикади, а немири се пријавени и во други британски градови.

Политичките лидери и премиерот Стармер остро го осудија насилството. Истрагата е во тек и дека засега нема докази оти нападот е поврзан со тероризам.

„Го споделувам згрозувањето на јавноста од бруталната природа на овој напад, кој предизвика загриженост не само овде во северна ирска, туку и многу подалеку. Во оваа фаза, немаме информации што укажуваат дека ова бил инцидент поврзан со тероризам. Сепак, морам да нагласам дека сè уште сме во раните фази од нашата истрага“, изјави Рајан Хендерсон, помошник-началник на полициската служба на Северна Ирска.

Политичарите со повик до граѓаните-да не споделуваат слики и видеа од нападот и да не шират дезинформации за инцидентот.

„Секој странски државјанин кој го злоупотребува гостопримството на оваа земја за да изврши кривични дела не треба да се сомнева во нашата решеност да го депортираме. Би сакал да го повторам апелот да не се споделуваат или повторно објавуваат снимки од нападот. Сите ние имаме одговорност сега да повикаме на смиреност и да ја оставиме полицијата да си ја врши работата“, изјави Хилари Бен, државен секретар на Обединетото Кралство за Северна Ирска.

По инцидентот, повредениот 40-годишен маж е хоспитализиран со тешки повреди во пределот на очите, лицето и грбот, а осомничениот Суданец кој се соочува со обвинение за обид за убиство изведен пред суд.

Катерина Бојаџиева