МВР гради професионална и модерна полиција

22.09.2014 16:14

За неколку месеци уште 400 нови кадри во полициските редови. Теоретскиот дел, вежбите по гаѓање, боречките вештини и првиот практичен дел, кандидатите веќе ги минаа...

Работен, принципиелен и квалитетен полициски кадар. МВР гради професионална и модерна полиција. За неколку месеци уште 400 нови кадри во полициските редови. Теоретскиот дел, вежбите по гаѓање, боречките вештини и првиот практичен дел, кандидатите веќе ги минаа. Од денеска полагаат сообраќајна контрола.

„Единствен начин за усовршување на овие вештини е овој каде што кандидатите за полицајци се ставаат во реална ситуација да се соочат со реалниот амбиент. Сметам дека од година во година ќе имаме одлични репрезенти во МВР“, рече Гоце Бачанов, помошник министер, раководител на сектор за обука при МВР.

Кандидатите во присуство на менторите го регулираа сообраќајот на неколку крстосници во Скопје. Овој образовен модул трае 4 месеци по што ќе бидат оценувани и за последниот, граничната контрола. Имаат увид во секоја добиена оценка. По конечна селекција  ќе се изберат 400-тини најдобри, во конкуренција од 440 кандидати.

Високи се  критериуми за да се стане полицаец. МВР веќе неколку години со нови принципи за вработување. Еден од нив е селекцијата.  Критериумите ги изготвуваат експерти од полициската област. Полицаец ќе биде оној што  ќе ги мине сите селекции со висока оценка.

Наташа Гркова-Петрушевска