Муцунски: Интеграција на Западен Балкан во ЕУ
Патиштата, енергетските врски и дигиталните мрежи денес се градат со иста важност како некогашните политички сојузи. Во време на геополитички предизвици и забавена европска агенда, земјите од југоисточна Европа бараат начини регионот да остане поврзан, стабилен и конкурентен...

Патиштата, енергетските врски и дигиталните мрежи денес се градат со иста важност како некогашните политички сојузи. Во време на геополитички предизвици и забавена европска агенда, земјите од југоисточна Европа бараат начини регионот да остане поврзан, стабилен и конкурентен. Токму инфраструктурата и европската интеграција беа во фокусот на состанокот на шефовите на дипломатиите во Софија, каде Македонија порача дека Коридорите 8 и 10 остануваат стратешки приоритет не само за земјата, туку и за поширокиот регион. Но, освен министерот за надворешни работи и трговија, Муцунски, таму е и претседателката на државата, Силјановска-Давкова.
Анита Димитријевска-Велковска известува.
