Увид на пругата кон Бугарија

10.06.2026 13:22

Пруга што се гради со децении, ветувања што се повторуваат со години и проект што треба да ја доближи земјава до источниот сосед. Во каква фаза е изградбата на делницата Бељаковце-Крива Паланка?

Пруга што се гради со децении, ветувања што се повторуваат со години и проект што треба конечно да ја доближи земјава до источниот сосед. Железничкото поврзување со Бугарија е еден од најважните инфраструктурни проекти на Коридорот 8, но и симбол на предизвиците со кои се соочува реализацијата на големите капитални инвестиции. Во каква фаза е изградбата на делницата Бељаковце – Крива Паланка и кога возот конечно ќе тргне кон границата?

Елена Георгиевска ја следи посетата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на македонски железници и инфраструктура Синиша Ивановски.