Ракомет

Македонија вечерва ги добива ривалите за СП 2027

10.06.2026 14:55

Ждрепката за Светското првенство во ракомет 2027 ќе се одржи вечерва од 18 часот во Минхен, а Македонија ќе ги дознае своите противници за настапот на Мундијалот во Германија.

Ждрепката за Светското првенство во ракомет 2027 ќе се одржи вечерва од 18 часот во Минхен, а Македонија ќе ги дознае своите противници за настапот на Мундијалот во Германија.

Македонската репрезентација се наоѓа во вториот шешир, што отвора можност за поволен распоред во првата фаза, од која по три селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во главната рунда.

Во првиот шешир се наоѓаат Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет и Аргентина. Сепак, Македонија сигурно нема да биде во една од двете групи што ќе се играат во Штутгарт, согласно распоредот на домаќинот.

Покрај Македонија, во вториот шешир се и Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарските Острови, што значи дека овие селекции не можат да бидат наши противници во групната фаза.

Можни ривали од третиот шешир се Грција, Полска, Бразил, Катар, Тунис, Зеленортската Република, Чиле и САД. На хартија, најпосакуван противник од оваа група е селекцијата на САД.

Во четвртиот шешир се наоѓаат Бахреин, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција и Саудиска Арабија, од кои Македонија ќе добие уште еден противник во групата.

Како можни градови-домаќини за настапите на Македонија се споменуваат Минхен, Магдебург и Кил.