Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

11.06.2026 08:17

Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град.

Утринската температура ќе биде од 10 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 33 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град.