Влада

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на новата спортска сала во населбата Расадник, Општина Кисела Вода

11.06.2026 08:21

По завршувањето на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски...

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на новата спортска сала во населбата Расадник, Општина Кисела Вода.

Како што соопштија од владината прес-служба, по завршувањето на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.