Македонија
Пожарот што изби вчера попладне над Штип е целосно локализиран
11.06.2026 08:55
Од Дирекцијата за заштита и спасување, за МТВ велат дека авиони не биле користени, поради лошите услови, но и бидејќи немало такво побарување од општината.

Големиот пожар што изби вчера попладне над Штип е целосно локализиран. Од Дирекцијата за заштита и спасување, за МТВ велат дека авиони не биле користени, поради лошите услови, но и бидејќи немало такво побарување од општината.
Пожарот кој се појавил по удар на гром, се прошири и на ридовите над штипските гробишта. На терен ангажирани пожарникари од Штип, Свети Николе, и од Кочани.
