Докторите потврдуваат: Инсулинска криза нема!
Според ресорното министерство, пацинетите во Македонија добиваат кавлитетна терпаија...

80% од пацинетите во Македонија се лекуваат со инсулински аналози. Недостиг на лек од било кој производител при постоење на истиот лек од друга фармацевска куќа не укажува на криза, објаснуваатод Клиникта за ендокринологија.
„Инсулините кои се наоѓаат во нашата држава се апсолутно високо кавлитени. Слободно може еден исулински аналог да се замени со друг инсулински аналог. Менувањето од еден аналог на друг не може да даде штетни последици. Тоа е ист лек“, вели проф. д-р Славица Шубеска Стратрова, директор на Клиника за ендокринологија.
За да се спречи било каков ризик при префрлање од еден инсулин на друг, формирани се доплнителни тимови во центрите за дијабетес. Лекарите се задолжени да им објаснат на пацинетите за користење на инсулинот, бидејќи т.н. пенкала се разликуваат од призводител до производител.
„Ако на некој пацинет му е потребна доедукација, во тој случај клиниката стои на располагање, било со кавлитетен или ургенетн упат вда дојде на клиниката и да му се изврши доедукација“, додава д-р Шубеска Стратрова.
Според ресорното министерство, пацинетите во Македонија добиваат кавлитетна терпаија. Скоро на секои две години се создава паника дека постои криза бидејќи бизнисот со набавка на инсулин е тежок 25 милиони евра.
Наташа Јанчиќ
