Образование

Матурантите денеска и утре го полагаат вториот екстерен испит

11.06.2026 09:20

Во саботата го полагаа првиот од двата екстерни испити, странски јазик, математика или историја, во зависност од избраниот тип на матура...

Основците и средношколците на летен распуст, матурантите пак денеска и утре го полагаат вториот екстерен испит, по мајчин јазик. Во саботата го полагаа првиот од двата екстерни испити, странски јазик, математика или историја, во зависност од избраниот тип на матура.

За првпат државната матура се спроведува според новата концепција која предвидува државна, стручна и уметничка матура. За државната матура се пријавиле нешто повеќе од 12 илјади ученици, над 2 илјади за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. За непречено и регуларно спроведување на матурата, ангажирани се околу 2 илјади и 500-ни тестатори и 200-те набљудувачи.

Резултатите ќе бидат објавени најдоцна еден месец по полагањето на вториот екстерен испит.