САД изврши нови воздушни напади врз Иран
Исламската Република се закани дека ќе возврати за нападите, а сирени за напади се огласија во Бахреин, дом на седиштето на Петтата флота на американската морнарица. Кувајтската војска објави дека воздушната одбрана е активирана...

САД утрово со нови воздушни напади врз Иран, откако претседателот Трамп предупреди дека Техеран ќе плати цена за застојот во преговорите. Исламската Република се закани дека ќе возврати за нападите, а сирени за напади се огласија во Бахреин, дом на седиштето на Петтата флота на американската морнарица. Кувајтската војска објави дека воздушната одбрана е активирана.
„Претседателот Трамп е подготвен да се врати и да се бори доколку е потребно, но му даде отворена рака на Иран за да го склучи овој договор. Ако треба да преговараме со бомби, ќе преговараме со бомби и сме многу добри во тоа. Никој не е подобар во светот“, изјаву Пит Хегсет, секретар за одбрана на САД.
Шефот на ООН предупредува дека ескалацијата на нападите и реториката ризикуваат целосна војна во Иран и регионот. Советот за соработка во Заливот, ги осуди ирански воздушни напади врз Бахреин, Кувајт и Јордан и вели дека бруталната иранска агресија не создава стабилност ниту гради односи.
„Она на што Бахреин и братската држава Кувајт беа подложени, бруталната иранска агресија со беспилотни летала, е новата епизода во овој агресивен став. Ова е жестоко кршење на суверенитетот на земјите и одлуките за меѓународен легитимитет и е во спротивност со она што го бара нашата исламска вера, преку отфрлање на непријателствата и крвопролевањето“, изјави Абдулатиф бин Рашид Алзајани, министер за надворешни работи на Бахреин.
Вашингтон инсистира на отворање на Ормускиот теснец и Иран да нема нуклеарно оружје. Од друга страна, иранските власти тврдат дека нивната нуклеарна програма има мирољубив карактер и нема да се откажат од правото на научен и технолошки развој. Иранскиот претседател Пезешкијан порача дека Техеран нема да попушти под американски притисок.
