свет
Со водени топови растерани демонстраните во Северна Ирска
11.06.2026 12:40
Судирите почнаа неколку часа откако 30-годишен маж од Судан се појави пред судот во Белфаст, обвинет за обид за убиство при напад со нож, во кој еден маж беше сериозно повреден...

Полицијата употреби водени топови врз демонстрантите во Северна Ирска, кои предизвикаа пожари и фрлаа предмети кон чуварите на редот, за време на втората ноќ на насилство поради бруталниот напад со нож на улица во Белфаст. Судирите почнаа неколку часа откако 30-годишен маж од Судан се појави пред судот во Белфаст, обвинет за обид за убиство при напад со нож, во кој еден маж беше сериозно повреден.
Немирите против имиграцијата прераснаа во насилство во Белфаст откако крајнодесничарските активисти повикаа на демонстрации како одговор на напад со нож кој беше снимен.
