МВР

Лишен од слобода турски државјанин поради криумчарење на околу 177 m2 кожен материјал

11.06.2026 16:08

Вчера од страна на Мобилен тим од Мобилна единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција постапено е на подрачје на СВР Куманово, односно движејќи се во правец од Куманово кон Крива Паланка околу 16:15 часот забележано е товарно возило „мерцедес бенз“ со косовски регистарски ознаки и истото е сопрено.

Од извршената контрола констатирано е дека товарното возило е управувано од Т.Б.К.(26) од Турција, додека пак од извршениот преглед и контрола во товарниот дел пронајдени се шест вреќи, во кои имало 49 парчиња кожен материјал.

По насоки на дежурен Јавен обвинител од ОЈО Куманово, лицето е лишено од слобода по член 278-б „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и спроведено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.