Почнува 23. Светското фудбалско првенство 2026
Почнува 23. Светското фудбалско првенство 2026, мундијалот ќе трае до 19 јули за кога е закажан финалниот дуел во Њујорк.

Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер во 21 часот почнува 23. Светското фудбалско првенство 2026. Мундијалот ќе трае до 19 јули за кога е закажан финалниот дуел во Њујорк.
Светското првенство ќе се игра на 16 стадиони во три земји – САД, Канада и Мексико, а 1.248 играчи се наоѓаат на списокот на 48 екипи учеснички.
Ќе видиме дури 104 натпревари, никогаш повеќе национални тимови, никогаш повеќе натпревари.
Титулата освоена пред четири години во Катар ја брани аргентинската репрезентација, додека дебитантите на планетарниот фудбалски собир се селекциите на Курасао, Зелено’ртските Острови, Узбекистан и Јордан.
Фото://x.com/FIFAcom
