Изгаснат пожарот кај Штип
Пожар настанат од гром вчеравечер избувна во непосредна близина на Штип. Околу полноќ беше ставен под контрола. Интервенираа пожарникари од Штип, Кочани и Свети Николе и членови на доброволното противпожарно друштво.

Пожар предизвикан од гром вчеравечер се прошири во непосредна близина на Штип во населбите Плуждино и Новакова Чешма, во близина на еврејските гробишта. Поради силниот ветер огнот се прошири на поголема површина, гореше сува трева и ниска вегетација. Ефикасната интервенција на пожарникарите спречи ширење на огнот до објектите
На терен беше и Доброволното противпожарно друштво од Штип.
Пожарот денес е целосно локализиран.
Надлежните апелираат сопствениците на куќи и викендички во близина на шумски појаси редовно да ја косат тревата за да создадат безбедносна бариера од пожари.
Славица Величковска
