Посетата на папата во Тирана, доказ за соживот

22.09.2014 16:32

Посетата на папата Франциско на Тирана е доказ за соживотот кои долги години го негуваат католиците и муслиманите во Албанија. Неговата порака одекна не само на Балканот туку и во Европа, а посетата беше историска смета Антун Циримотиќ. Според него ова ги потсети луѓето дека треба да воспостават мир, да бараат прошка, а пред се да не војуваат во името на бога .

„Да не смее религијата да се злоупотребува и да не прави зло да се почетуваат човековите прави и правото на слободно опредулување на вера“, рече монсињор Антун Циримотиќ.

Македонија би била на агендата на папата Франциско, но само доколку биде пречекан од народот како што доликува. Циримотиќ појасни дека посетата на папата не е туристичка, туку треба да им помогне на луѓето.

„Централен проблем е колку во Македонија ќе се создаде тоа позитивно расположение и радост да дојде папата во Македонија ништо друго не е проблем“, рече монсињор Антун Циримотиќ.

Пораката за мир која ја испрати папата Франциско од Тирана со воодушевување ја пречекаа стотици илјади луѓе, католици, православни, муслимани. Римокатоличкиот поглаварја осуди злоупотребата на религијата од екстремистите за оправдувања на насилствата во светот. Посетата на папата Франциско на Тирана беше под силно полициско обезбедување, а го следеа повеќе од 1000 новинари.

Викторија Тодоровска