Мајчин јазик полагаа матурантите од регионот
Во Прилеп без проблеми се одржа полагањето мајчин јазик од државната матура. Полагаа матурантите од Прилеп, Крушево и Македонски Брод. Најголемиот број избраа да полагаат денес, а помалку утре на државната стручна матура.

Без проблеми во Прилеп денешното полагање мајчин јазик од државната матура. Од 635 матуранти од Прилепскиот регион, најголемиот дел, 436 матуранти избраа да полагаат денес мајчин јазик, а другите се решија утре да седнат во столчето на државната стручна матура.
Матурантите, главно, задоволни од полагањето. Велат, вака им се поголеми можностите за упис на високите школи.
Полагањето протече без проблеми и повеќето пред истекот на рокот, завршија со испитот.
Ова е вториот предмет од матурата, по полагањето англиски или математика.
Елизабета Митреска
