Србија

Трајков од Белград: Жените се двигатели на промените и на европската иднина

11.06.2026 16:43

Проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на Меѓународната конференција „Сојузништво за еднаквост“, која се одржа во Белград, Република Србија, каде беше панел учесник на дискусијата посветена на европските политики за родова еднаквост.

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на Меѓународната конференција „Сојузништво за еднаквост“, која се одржа во Белград, Република Србија, каде беше панел учесник на дискусијата посветена на европските политики за родова еднаквост.

Во своето обраќање, Трајков истакна дека родовата еднаквост претставува една од темелните европски вредности и важен предуслов за одржлив економски и демократски развој. Таа нагласи дека Македонија останува посветена на спроведување реформи кои обезбедуваат еднакви можности, поголемо учество на жените во процесите на одлучување и зајакнување на институционалната заштита на нивните права.

„Европската интеграција не е само усогласување со законодавството, туку и создавање општество во кое секој граѓанин има еднаква можност да придонесува и да напредува. Родовата еднаквост е суштински дел од таа визија“, истакна Трајков.

На панелот беа разменети искуства и добри практики од земјите во регионот и од институциите на Европската Унија, со акцент на зајакнувањето на регионалната соработка во креирањето политики за еднакви можности и поголема вклученост на жените во јавниот и политичкиот живот.

Конференцијата обедини претставници на владини институции, меѓународни организации, дипломатски претставништва и експерти од ре