ДКСК отвори предмет за злоупотребите во ИЈЗ
Државниот завод за ревизија во својот извештај за Институтот за јавно здравје нотираше низа неправилности во финансиското работење, јавните набавки и управувањето со ресурсите. Ревизорите посочиле слабости во системот на внатрешни контроли и ризици кои можат да влијаат врз законитото и транспарентно работење на институцијата...

Антикорупционерите веќе го работат предметот оформен по сопствена иницијатива за проверка на наводите на ДЗР за Институтот за јавно здравје поради можни ризици од корупција и злоупотреба на службена положба, вели за МТВ претседателот на комисијата Чучуљ.
Државниот завод за ревизија во својот извештај за Институтот за јавно здравје нотираше низа неправилности во финансиското работење, јавните набавки и управувањето со ресурсите. Ревизорите посочиле слабости во системот на внатрешни контроли и ризици кои можат да влијаат врз законитото и транспарентно работење на институцијата. По објавувањето на наодите Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет. По ова, за хаосот во времето на нејзиниот претходник раскажа и директорката Андоновска, која кажа дека околу 30 вработени со години земале плата без да се појават на работното место, а други ги регистрирале во системот за евиденција. За отчукување на картичките се наплаќало и по 200 евра.
Фиљана Кока
