Ескалација на антимигрантските протести во Белфаст
Втора ноќ немири во Белфаст. Антимигрантските протести прераснаа во жестоки судири со полицијата, а улиците на градот се претворија во сцени на насилство. Запалени возила, оштетени домови и десетици полицајци на терен. Властите предупредуваат дека социјалните мрежи дополнително ги разгоруваат етничките тензии, додека политичките лидери повикуваат на смирување на состојбата. Повод за немирите е напад со нож за кој е осомничен мигрант од Судан…

Ескалација на антимигрантските протести во Белфаст. Улиците во градот втора ноќ по ред се претворени во бојно поле, а стравот и гневот по етничките тензии ја туркаат северна ирска во една од најсериозните безбедносни кризи во последните години. И покрај апелите за смиреност, демонстрантите повторно жестоко се судрија со полициските сили, употребувајќи молотови-коктели, камења и пиротехника. Водни топови и тешка механизација употреби полицијата за сузбивањето на бранот безредија во кои беа палени автомобили и уништувани домови. Државниот секретар за северна ирска Хилари бен, изрази загриженост за состојбата и повика на сочувство и солидарност со малцинските заедници.
Во разговорите кои ги имав тие пренесуваат теророт и стравот што го чувствуваат луѓето од етничките малцинства што живеат во северна ирска откако беа сведоци на сцените кога луѓето беа изгорени и заплашени и исфрлени од домовите поради бојата на нивната кожа. Навистина сакам да го повторам она што го кажа советникот со кого штотуку разговаравте, дека ова не е вистинското лице на северна ирска. Очите на светот се свртени кон нас, и затоа секој од нас има многу голема одговорност да влијае да ги натера да престанат, бидејќи нема никакво оправдување за дивеењето, Хилари Бен – секретар на обединетото кралство за северна ирска.
Властите предупредуваат дека социјалните мрежи се користат во намерно поттикнување на институционален хаос и расистички наративи во британското општество. Немирите избувнаа откако на социјалните мрежи се прошири видео-снимка од бруталниот напад со нож, извршен од судански мигрант. Осомничениот сторител беше уапсен и изведен пред судија. Обвинет е за обид за убиство. Мажот кој беше нападнат е во стабилна состојба.
Маја Стојанова
