ДЗР

Неосновани исплати на социјална заштита

11.06.2026 19:58

Едни добивале и пари за социјална заштита и пензија, други користела права без да ги исполнат условите. Ревизорот откри незаконски исплати, системски пропусти и институционална некоординација...

Неосновано исплатени 236 илјади евра за социјална помош, утврди Државниот завод за ревизија во најновиот извештај. Станува збор за периодот од 2022-ра година до јуни 2025-та година. Поради слабости во системските контроли, ревизорите утврдиле дека 235 корисници истовремено земале и социјална помош и пензија.

Ревизорите утврдиле недоволна контрола од центрите за социјална работа, нецелосна документација, доцнење во постапките, неефикасно следење на враќањето на неосновано исплатените средства. Тоа придонесло за нерационално трошење на јавните пари.

За надминување на утврдените слабости, Државниот завод за ревизија препорачува подобрување на Законот, како и контроли и координација меѓу надлежните институции.

Откако Државниот завод за ревизија утврдил сериозни пропусти во исплатата на социјалната помош, апел до сите институции да се поажурни и да не прават злоупотреба на системот.

 

Борис Грујоски