Интеграции

Уставните измени се отворање на пандорината кутија

11.06.2026 17:06

Бугарија не поставува нови, туку ги повторува старите барања, вели Мицкоски по средбата во Софија. И по разговорите со европските лидери, владата останува на ставот дека нема да прифати решенија што би ги надминале нејзините црвени линии …

Бугарија нема нови услови, тие се истите од 2022 година за кои не дадов поддршка – премиерот Мицкоски по средбата Сиљановска-Јотова во Софија, коментира дека четири години предупредувал оти македонските граѓани се изманипулирани и излажани. Оценува – со уставните измени се отвора пандорината кутија, условот не е само вметнувањето на бугарите во уставот, туку и работата на историската комисија, вториот протоколот и акцискиот план.

Сепак, Мицкоски и натаму е оптимист по средбите со германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон. На средбата посочи оти не се дискутирало за темите на кои разговарале претседателките Сиљановска и Јотова, но останува на ставот дека владата нема да се помести од црвените линии.

Претседателката Сиљановска и натаму ќе пробува преку разговори да ги омекне ставовите на Софија. За шефицата на државата единствен начин да се надминат разликите е да се продолжат разговорите за тешките прашања и да се зајакне соработката меѓу македонските и бугарските институции.

 

Викторија Милевска