Здравство

Со европски пари ќе се подобрува здравството во Македонија

11.06.2026 19:28

Со европски пари ќе се подобрува здравството во Македонија. Министерот Алиу најави, на 24 јуни во Брисел ќе биде потпишан договор, Министерството станува правноправна членка на најголемиот Финансиски фонд во Европа. Дигитализацијата приоритет, но предизвик планот за нов Клинички центар...

Од подобрување на хигиенските услови и создавање пристојни услови за пациентите, до изградба на нов Клинички центар, дефицит на кадар, телемедицина, регионализација се дел од предизвиците со кои се соочува Здравството. Кај долгите листи на чекање се утврдени нерегуларности кои допрва ќе се докажуваат, а не се исклучуваат и мито и корупција – истакна министерот за здравство Алиу на една година од назначувањето на овој ресор.

Министерот вели поставена е нова насока – здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара. Националната стратегија за дигитализација на здравството, измените на 15-те закони, дефинирање на обврските на здравствените работници се дел од реформите на кои ресорниот министер е горд за изминатава една година. На прашањето дали очекува реизбор по најавената реконструкција, одговара дека вредноста на еден министер не се мери се според времетрањето на извршувањето на функцијата, толку колку сработил.

Реформите во Здравството добиваат европска рамка. Министерот Алиу е пред потпишување на договор со кој Македонија ќе биде дел од најголемата здравствена програма на ЕУ.

 

Александра Велинова