Битола

Министерството за екологија со поддршка на националниот парк „Пелистер“

11.06.2026 18:43

Стратегија за заштита и регенерација на моликовата шума. Шеснаесет километарска планинско велосипедска патека како и идеи за развој на туризмот наспроти големиот потенцијал на Пелистер. Новини промовирани пред министерот Хоџа и пред Шведскиот амбасадор...

Стратегија за заштита и регенерација на моликовата шума. Шеснаесет километарска планинско велосипедска патека како и идеи за развој на туризмот наспроти големиот потенцијал на Пелистер. Новини промовирани пред министерот Хоџа и пред Шведскиот амбасадор.

Министерот за животна средина нагласи дека националните паркови се од особено значење за нашата земја, а најави и инвестиција во изградба на Ловечката куќа.

Според амбасадорот Солстром и Шведска и Македонија располагаат со неверојатно убава природа. Но за разлика од македонскиот, шведскиот народ многу подобро се грижи за неа.

Се споделија и идеи како да се искористи потенцијалот за органска пелистерска храна и за здрави пијалаци. Делегацијата прошета по новата четирикилометарска патека наменета за противпожарна заштита, за движење на ренџерската служба, но и место по кое ќе се движат голем број туристи.

Ружица Аџикотарева Ѓоршевска