Град Скопје
Ѓорѓиевски: Проблемите во Скопје се решаваат, подобрена е хигиената
11.06.2026 19:05
Со доаѓањето на новите камиони за смет и два собирни центри хигиената во Скопје ќе биде подобра. Подготвено ќе ја дочекаме сезоната на пожари, со нови пожарникари и опрема, вели првиот човек на градот.

Проблемите во Скопје се решаваат. Подобрена е хигиената, а со доаѓањето на новите камиони за смет и два собирни центри во Скопје ќе биде подобра. Подготвено ќе ја дочекаме сезоната на пожари, со нови пожарникари и опрема, вели првиот човек на градот.
Се надева дека со новиот тендер за автобуси и брзиот транспортен систем и јавниот превоз ќе биде на ниво, а дотогаш побара трпение од граѓаните.
Скопскиот татко се пожали дека наплатата на даноци е слаба и најави нивно зголемување.
Ирина Гелевска
