Утре во „Службен весник“ огласот за нов состав на Лустрациска

23.12.2013 14:43

Актуелниот претседател на Комисијата за лустрација размислува,а членот Дамјановски сигурно ќе се кандидира.Се уште енигма дали некој друг од актуелните членови размислува за уште еден мандат.Дамјановски апелира опозицискиот СДСМ да ја преиспита одлуката за неучество во работата на Лустрациска,во интерес на, како што вели, сопствениот народ.

,,Јас сигурно дека ќе конкурирам. Опозицијата мора да помогне колку што може овој процес да го насочиме во прави води, да ја исполни основната цел,во сегашниве институции да нема лица кои некогаш кршеле човекови права од идеолошко-политичка природа,,вели членот на Комисијата за Лустрација Чедомир Дамјановски.

Актуелниот претседател Аџиев во однос на кандидатурата вели се е можно.Очекува новата комисија да работи во полн состав.Откако поднесоа оставки,една година Лустрациска работеше без претставниците од СДСМ.

,,Сега најверојатно ќе биде комплетирана наредната комисија со 11 членови.Кои ќе бидат,ќе утврди Парламентот. Дали вие ќе се номинирате?Ќе видиме,не знам.Се е можно,,изјави претседателот на Комисијата за верификација на фактите,Томе Аџиев.

Поради претстојните празници, најверојатно денешната седница на Комисијата ќе биде последна до завршувањето на мандатот.

Утре во „Службен весник“ излегува огласот за нови членови на Комисијата за верификација на фактите.Кандидатите документите ги доставуваат во рок од 15 дена.Мандатот на сегашниот состав на Лустрациска истекува на 15 јануари.

Милчо Велески