Истрагата за случајот „Шпионажа“ во завршна фаза
Државниот јавен обвинител Савески не смета дека комуникацијата со извршната власт и премиерот Мицкоски е спорна и оти влијае врз независноста при носењето одлуки. Тој откри дека истрагата за случајот со наводната шпионажа во кабинетот на претседателката е во завршна фаза, додека предметот мазут е во постапка пред Вишото обвинителство.

Истрагата за случајот за наводна „шпионажа“ во претседателскиот кабинет е во завршна фаза – соопшти републичкиот Обвинител Савески. Истражителите од Обвинителството за гонење организирал криминал и корупција седнале на маса со претставници на МВР, од кои биле побарани дополнителни информации и податоци за утврдување на фактичката состојба.
„Се изготви план за понатамошни истражни дејства. Според информациите со кои имав увид како од надлежниот јавен обвинител така и од истражителите, истражните дејства се во завршна фаза, така што сметам дека многу бргу ќе има јавнообвинителска одлука во врска со овој случај. Видеоснимките се предадени и се предмет на анализа.“, изјави Савевски.
Состанокот следувал откако МВР на почетокот на јуни ги доставило видеоснимките од претседателскиот кабинет и анализите од обезбедените материјали од компјутерите од претседателскиот кабинет. Во меѓувреме, Савески потврди дека случајот „Мазут“ е предаден во Вишото обвинителство.
Савески не смета дека има нешто спорно во комуникацијата со извршната власт и со премиерот Мицкоски, отфрлајќи ги тврдењата дека тоа може да влијае на независноста при одлучувањето. Тој рече дека самостојноста на институцијата е загарантирана со уставот и о законите.
Наташа Јанчиќ-Менковски
