Временска прогноза

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

12.06.2026 08:07

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h)...

Денеска времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Минималната температура ќе се движи од 10 до 17 степени, додека максималната значително ќе опадне и ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец.