Муцунски на бизнис форум во Турција
Форумот ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Истанбул учествува на бизнис форумот Северна Македонија – Турција, организиран од владите на двете земји.
Форумот ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства.
Шефот на дипломатијата Муцунски ќе оствари билатерална средба со неговиот турски колега болат, на која се очекува да стане збор за економските односи меѓу двете земји, можностите за натамошно зголемување на трговската размена, привлекувањето инвестиции, како и за унапредувањето на севкупната економска соработка.
