Киев ги повика цивилите да ги напуштат окупираните подрачја поради засилени напади
Војната во Украина продолжува со меѓусебни напади и жртви на двете страни. Погодена голема рафинерија на стотици километри од фронтовската линија...

Војната во Украина продолжува со меѓусебни напади и жртви на двете страни, додека Киев ги повика цивилите да ги напуштат окупираните подрачја поради засилени операции и напади врз руска инфраструктура. Погодена голема рафинерија на стотици километри од фронтовската линија.
Зеленски порача дека дроновите се клучен дел од војувањето и дека безбедноста на Европа е невозможна без украинското искуство.
Во меѓувреме, данскиот јавен сервис објави дека Русија го зголемува военото присуство во близина на границите со НАТО, особено кон Финска, Норвешка и Балтикот, при што се предупредува на можен раст на тензиите.
Во Брисел, НАТО и Норвешка разговараа за Украина и безбедноста на Арктикот, при што Руте порача дека северот станува сè поважен за Алијансата.
