Светска банка: Македонскиот катастар е пример за успешни реформи

22.09.2014 17:24

Агенцијата за катастар на недвижности повеќе не е само техничка орханизација, туку нејзиниот фокус е ставен на давањето на услуги на клиентите, велат претставниците од Светка банка. Токму поради ваквата успешност на реформите македонскиот катастар ќе споделува знаење со останати змеји во светот кои се справуваат со проблеми...

Македонскиот катастар е пример за успешност во регионот. Неговото високо рангирање се должи пред се на брзината на трансакциите поврзани со недвижности, како и поради поврзаноста со системот за социјални бенефиции.

„Овие реформи во земјишната политика во голема мера придонесоа Македонија да се рангира во десетте земји со најголеми подобрувања во земјишната политика и во леснотијата за водење на бизнис“, рече Сари Содерстен од Светска банка.

„Тука видовме многу импресивни подобрувања во делот на тоа како реформите во катастарот на недвижности успеаа да ги забрзаат трансакциите кои се однесуваат на недвижности, земјиште, издавање под хипотека и слично. Секако и времетраењето на трансакцијата на запишување на промена на земјиштето од шеесет дена во минатото се намали на еден ден“, рече Татјана Проскурјакова, менаџер на Светска банка за Македонија.

Проектот за успешност на реформите во катастарот, Светската банка го прогласи за најдобар.

„Успешната соработка се темели за основниот проект кој започна од 2005 година, тоа е регистрација на недвижен имот во Република Македонија, воспоставување на катастер на недвижности“, рече Славе Трпески, директор на Агенција за катастар на недвижности.

Од нашиот пример ќе се пренесат искуства.

Агенцијата за катастар на недвижности повеќе не е само техничка орханизација, туку нејзиниот фокус е ставен на давањето на услуги на клиентите, велат претставниците од Светка банка. Токму поради ваквата успешност на реформите македонскиот катастар ќе споделува знаење со останати змеји во светот кои се справуваат со проблеми.

Една од нив е никарагва. Светската банка финансира една третина од земјишната политика во светот.

Лука Андреев