Скопје

Гореле кабли и броила во нова станбена зграда во Кисела Вода

12.06.2026 10:05

Се запалил орман на ЕВН, при што гореле електрични кабли и броила, информираат од Републичкиот центар за управување со кризи...

Паника и страв утрово околу 6 часот, доживеале станарите на нова станбена зграда во Kисела Vода, откако избувнал пожар пред влезот на објектот.

Се запалил орман на ЕВН, при што гореле електрични кабли и броила, информираат од Републичкиот центар за управување со кризи.

Интервенирано е со едно возило и петмина пожарникари. Материјалната штета сè уште се утврдува. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за настанувањето на пожарот и за расчистување на случајот.