Образование

Денеска почна пријавувањето за упис во средно образование

12.06.2026 11:39

Почна првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски ...

Денеска почна првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски, а ќе треба да ја достават потребната документација во средните училишта во кои конкурираат.

Според конкурсот на Министерството за образование и наука, во јуни се предвидени две електронски пријавувања. Првото трае од Денеска до 15 јуни на полноќ, додека второто пријавување е закажано за 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување, на 20-ти август.

Со конкурсот се предвидени над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се за стручно образование, речиси 6.000 за гимназиско образование и 570 места во уметничките училишта.