Образование

Матурантите полагаат државна стручна и државна уметничка матура

12.06.2026 14:24

2.276 матуранти денес полагаат државна стручна матура, а 127 де одлучиле за државна уметничка матура. Најголем дел од овие пријавените ученици за овој вид матура доаѓаат од средните стручни училишта. Полагањето се одвива во строго контролирани услови и без проблеми, а според учениците испитот не бил воопшто тежок...

Матурантите кои одбраа да полагаат државна стручна и државна уметничка матура, денес го полагаат својот задолжителен испит.

На денешниот дел од полагањата, 2.276 кандидати се пријавиле за полагање државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура.

Интересот за полагање на државна стручна матура, е најголем во средните стручни училишта. Учениците кои ги анкетиравме велат дека, полагањето не било воопшто тешко, а за стручна матура се одлучиле, затоа што ќе им биде од корист за понатамошното образование.

Во регионалниот центар за стручно образование и обука „Ѓорѓи Наумов“ Битола, од вкупно 161 матуранти, најголемиот дел, односно 114 ученици денес полагаа државна стручна матура.

Повеќе од 14.500 ученици се пријавени за полагање на задолжителниот екстерен испит. Денес е третиот ден од полагањата. Првиот екстерен испит матурантите го полагаа на шести јуни, а државна матура се полагаше вчера.

Александра Максимовска