Економски форум

12.06.2026 13:21

Економски форум на македонски и турски компании во Истанбул. Со размена од околу милијарда американски долари, Турција е значаен економски и трговски партнер на државава...

Продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, привлекување нови инвестиции, унапредување на инфраструктурното поврзување, енергетската соработка и развојот на заеднички проекти од стратешко значење се во фокусот на Економскиот форум кој се одржува во Истанбул каде присуствува владина делегација од Македонија.

Турција е еден од најзначајните економски партнери на Македонија и останува приоритет привлекувањето нови инвестиции и зголемувањето на трговската размена меѓу двете земји – порача Премиерот Христијан Мицкоски.

Трговската размена помеѓу Македонија и Турција минатата година достигнала една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат и поттик за уште поамбициозни цели во иднина-истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски.

Со значајно присуство на турски компании во индустријата, инфраструктурата, банкарството, образованието и туризмот, кои придонесуваат за економскиот развој и отворањето работни места Турција е еден од најзначајните економски партнери на државата-Министерката Божиновска ги презентираше можностите што ги нуди Македонија во енергетиката, рударството и минералните суровини.

Поголем економски раст преку квартални инвестиции, стабилна енергетска политика, дигитализација, поддршка за приватниот сектор и поголема регионална економска интеграција.

 

Александра Велинова