Единаесет потенцијални олимпијци ќе добиваат стипендии од МОК
Македонскиот Oлимписки Kомитет (MOK) денеска потпиша договори за стипендирање со 11 спортисти, потенцијални учесници на Летните Олимписки Игри во Рио Де Жанеиро 2016. За што подобра подготовка за изборните натпреварувања на коишто ќе се бркаат норми, по 800 американски долари месечно ќе добиваат пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски и борачите Дејан Митров, Бобан Данов и Јасин Реџалари. Атлетичарите Ристе Пандев и Валбона Селими, стрелачките Ана Ивановска и Нина Балабан, џудистката Катерина Николоска и велосипедистот Јован Јовановски

ќе бидат стипендирани со по 666 долари.
Бидејќи во Лондон 2012 Македонија имаше само двајца учесници со коишто настапија со вајлд карти, и во МОК се изненадени што Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) му одобрил дури 11 стипендии.