Собрание

Во Собранието јавна расправа за новиот Закон за оружје

12.06.2026 14:01

Во Собранието комисиска јавна расправа за новиот Предлог-закон за оружје усогласен со европската директива. Физичко лице ќе може да поседува најмногу десет парчиња со дозвола. Ќе има и нова категоризација, ќе се воведе и европска дозвола за огнено оружје и електронски следење од производителот до крајниот корисни. Експертите со низа забелешки.

Клучната измена во новиот Предлог-закон за оружје усогласен со европската директива е ограничувањето на десет парчиња оружје со дозвола, освен за активните спортски стрелци кои ги исполнуваат законски пропишаните услови.

Помошник министерот Алтанџиев уверува дека ова не значи одземање на оние кои легално стекнале повеќе парчиња оружје.

Низа забелешки за предлогот од засегнатите субјекти. Во дел од забелешките и тоа дека со законот после 80 години МВР ја губи надлежноста на стрелиштата.

Барање имаат и од федерациите за категоризација на оружјето според јачината.

Предложениот закон целосно треба да го замени постојниот што е во примена од 2005-та година.

Фиљана Кока