Зголемена контрола врз давателите на брзи кредити
Законски корекции со кои се зголемува основната главнина на финансиските друштва и се укинува исплатата во готово на брзите кредити. Ќе има и задолжителни внатрешни тела, и одбор за внатрешна ревизија, како и кредитен ризик.

Министерството за финансии најавува законски корекции со кои се зголемува основната главнина на финансиските друштва и се укинува исплатата во готово на брзите кредити. Ќе има и задолжителни внатрешни тела, и одбор за внатрешна ревизија, како и кредитен ризик.
Според Министерството за финансии подолг период има аларм за слабостите и неправилностите, поради што се вршат теренски и вонтеренски надзор на работењето ан овие субјекти.
Во 2025 беа изречени 26 наредби и издадени 4 прекршочни налози, одземена била и една лиценца. Има и пријави од граѓани за вознемирување при наплата на кредитите кои се упатени до МВР.
