Јотовски со најдобар ранкинг во кариерата

22.09.2014 18:30

По настапите во две финалиња на фјучерс турнири во соседна Србија во текот на последниот месец, нашиот тенисер Томислав Јотовски првпат во кариерата се проби над 600.место на АТП листата. Со напредок од 44 позиции, тој сега се наоѓа на 579.место, што му е најдобар ранкинг во кариерата. На најновата АТП листа објавена денеска, на којашто и натаму води Ѓоковиќ пред Надал, Федерер и Вавринка, Димитар Грабул е 673-ти.

Меѓу дамите, на ВТА листата најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е 420-та во поединечна, а 345-та во конкуренција на двојки.