Македонија во преговори за европската роаминг иницијатива
Почнуваат преговорите за приклучувањето на Македонија кон европската иницијатива „роаминг како дома“. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски преку видеоконференциска врска со претставници на Европската унија околу преговарачката рамка.

Македонија има преговарачки тим, испрати на мислење до Европската комисија и пакет законски измени со кои ќе може да се воспостави „роаминг како дома“ со земјите членки. По приклучувањето кон европската иницијатива граѓаните ќе користат интернет, смс пораки, повици и други мобилни услуги по цени како дома.
По денешниот онлајн состанок со европските преговарачи, министерот за дигитална трансформација вели дека од ЕУ зависи кога ќе ги интензивираме преговорите.
По усвојувањето на пакетот измени на законот за електронски телекомуникации и 5 подзаконски акти во Собранието, и мобилните оператори во земјава ќе треба да се прилагодат на цените за „роаминг како дома“.
Ирина Гелевска
