Транспорт

Промовирана трасата на градскиот воз во Скопје

12.06.2026 18:00

Од септември со градскиот воз побрз, поеколошки и поефикасен јавен транспорт. Првата линија, чија изградба треба да започне од 1 септември, ќе ги поврзе Зелениково, Драчево, Лисиче и Аеродром со Транспортниот центар и ќе биде реална алтернатива на сегашниот сообраќаен метеж...

За само пет минути од Маџари до центарот на Скопје. Од септември со градскиот воз побрз, поеколошки и поефикасен јавен транспорт.

Првата линија, чија изградба треба да започне од 1 септември, ќе ги поврзе Зелениково, Драчево, Лисиче и Аеродром со Транспортниот центар и ќе биде реална алтернатива на сегашниот сообраќаен метеж.

Се најавува како едно од клучните решенија за намалување на сообраќајниот метеж и аерозагадувањето во главниот град. Надлежните велат бенефит за граѓаните за оние кои патуваат од подалечните населби.

Паралелно, до крајот на годинава треба да почне и реализацијата на проектот за Брз автобуски превоз – БРТ. Затоа, Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ заедно со новинарите направи обиколка со автобус по рутата на БРТ и Градскиот воз.

Месецов ќе биде распишан тендерот за претквалификација за изградба на трасата на првата линија од Ѓорче Петров од Ново Лисиче и на две депоа. Потоа, ќе биде распишан тендер за избор на фирма за проектирање и изведба.

 

Борис Грујоски