Политика

Партиски препукувања за евроинтеграциите

12.06.2026 17:23

Капитулантскиот договор што го потпишаа социјалдемократите кој е лош за Македонија, а добар за Бугарија е доказ за потчинетата дипломатија што ја водеа неуспешни и корумпирани политичари од тогашната власт, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Социјалдемократите и натаму сметаат дека уставните измени се единствен излез од ќорсокакот на евроинтеграциите...

Капитулантскиот договор што го потпишаа социјалдемократите кој е лош за Македонија, а добар за Бугарија е доказ за потчинетата дипломатија што ја водеа неуспешни и корумпирани политичари од тогашната власт. Ова го тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде сметаат дека со уставните измени се отвора пандорината кутија која, како што велат, им одговара само на Бугарија и на Филипче.

СДСМ и натаму смета дека уставните измени се единствен излез од ќорсокакот на евроинтеграциите. Бараат власта да распише референдум, а граѓаните да го имаат последниот збор – во кој правец да оди државата. По последните пораки од Софија, Жерновски вели оти жали што Бугарија ја испуштила шансата да има сосед со кој може да соработува.

Ставот на премиерот Мицкоски е дека Бугарија нема нови барања, туку укажала на протоколите од 2022 година за работата на Мешовитата историска комисија. Потсети на црвените линии, односно дека нема да се прават компромиси со националните интереси. Владата и натаму инсистира на гаранции од ЕУ дека на патот кон Брисел, Бугарија нема да испорачува нови барања.

Анита Димитријевска – Велковска