Македонија

Институционална поддршка за зачувување на аудиовизуелната архива на МТВ

12.06.2026 16:46

Заштита, конзервација, реставрација и вреднување на културното богатство преку примена на најсовремени стандарди, модерно управување на музеите, Франција ќе ни помага и во заштита на аудиовизуелната архива на Македонската телевизија. Потпишан Меморандум за институционална со работа...

Зачувување на аудиовизуелните архиви на Македонската радио-телевизија за да се зачува колективната меморија и да биде достапна за идните генерации. Значаен проект на кој ќе се работи согласно меморандумот за меѓуинституционална соработка со Македонија.

Целта е унапредување на билатералните односи меѓу двете земји во културата, уметничките размени, поддршка на културните и креативните индустрии и заштита на културното наследство.

Со овој договор за соработка, предвидени се и обуки за голем број на македонски професионалци коишто ќе можат да се стекнат со француското знаење и експертиза.

Соработката е почната и од областа на конзервација на стари ракописи, на византиски фрески, на икони на дрво.

 

Александра Спировска