Претставата на МНТ „Страв и надеж“ најдобра на МТФ „Војдан Чернодрински“
Претставата „страв и надеж“ на мнт е најдобра на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Прилепскиот театар кој во моментов е без своја зграда, доби пет награди, меѓу кои и за најдобра режија. Жирито не додели дури четири награди..

Претставата на МНТ, „Страв и надеж“ е најдобрата претстава во целина на годинашниов, јубилеен 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој вечер завршува во Прилеп.
Прилепскиот театар со претставата „Црнила“ се закити со пет награди, меѓу кои и за најдобра режија за Дејан Пројковски. Театарот нема своја зграда, ама има огромна љубов за креативност.
Жирито не додели четири награди, меѓу кои и за современ драмски текст.
Фестивалот на јубилејното издание покрена прашања за состојбите во македонскиот театар.
Елизабета Митреска
