Забрана за капење во Пефкохори поради излевање на отпадни води
Дел од крајбрежјето на Пефкохори, во познатото летувалиште на првиот крак на Халкидики, беше погодено од излевање на отпадни води по пукање на цевковод за транспорт на канализација. Воведена е забрана за капење во појас од 200 метри...

Дел од крајбрежјето на Пефкохори, во познатото летувалиште на првиот крак на Халкидики, беше погодено од излевање на отпадни води по пукање на цевковод за транспорт на канализација. Воведена е забрана за капење во појас од 200 метри, а ќе остане во сила сè додека не бидат завршени лабораториските анализи и не се потврди дека водата е безбедна за капачите.
Ограничувањето не се однесува на целото Пефкохори, туку на делот од крајбрежјето на излезот од туристичкото место.
Општината Касандра нотира дека биле преземени мерки за санација на дефектот по што истекувањето било запрено, а спроведени се и активности за чистење и дезинфекција на подрачјето.
