Се преврте автобус на ЈСП, повеќе патници се повредени
23.09.2014 08:57
Полицијата е на терен, по извршениот увид се очекуваат и детали за несреќата...

20-тина патници се повредени откако автобус на ЈСП број 67, излетал од патот и се превртел на улицата Драчевска. Притоа, потешко е повреден возачот на автобусот.
Несреќата се случила во шест часот и десет минути. Повредените со три возила на Итната медицинска помош се префрлени во скопските болници.
Од болницата „8 септември“ изјавија дека кај нив има неколку патници кои се полесно повредени, но во секој случај, се испратени на рентген снимање.
Од МВР за МТВ велат дека полицијата е на терен, по извршениот увид се очекуваат и детали за несреќата.
