САД и Иран блиску до конечен договор за крај на конфликтот
САД и Иран се поблиску до конечен договор за ставање крај на конфликтот. Ова го изјави иранскиот министер за надворешни работи за Државната телевизија. Според Арагчи, условите што се однесуваат на нуклеарната програма на Иран ќе бидат финализирани во рок од 60 дена по постигнувањето на почетниот договор. Вчера и американскиот претседател Трамп изјави дека војната е завршена...

САД и Иран се поблиску до конечен договор за ставање крај на конфликтот. Ова го изјави иранскиот министер за надворешни работи за Државната телевизија. Според Арагчи, условите што се однесуваат на нуклеарната програма на Иран ќе бидат финализирани во рок од 60 дена по постигнувањето на почетниот договор. Вчера и американскиот претседател Трамп изјави дека војната е завршена.
Меѓу САД и Иран постигнат е „конечен, договорен текст на мировниот договор“, објави на платформата Икс, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Додава дека Пакистан, кој служеше како медијатор за време на разговорите меѓу двете страни, сега работи на „финализирање на следните чекори“. Шариф го осуди она што го нарече „непрекината кампања на дезинформации што ја водат оние што сакаат да го саботираат мировниот договор“.
Засега не се објавени детали за содржината на договорот, ниту пак се утврдени местото и временскиот рок за негово потпишување.
