Прилеп

МТФ „Војдан Чернодрински“ е историја на театарската уметност

13.06.2026 11:01

Во Прилеп заврши осумдневниот, јубилеен 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ доделени се наградите, спуштена е фестивалската завеса. Фестивалот покрена и прашања за состојбите во македонскиот современ театар…

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ и по 60 години ја испиша историјата на македонската театарска уметност. Најдобра е претставата на МНТ „Страв и надеж“. Ги награди најдобрите, ја спушти завесата. Наградите остануваат поттик.

Публиката, премиерно во Македонија го виде новиот драмски текст на Дејан Дуковски „Црно злато“ на Београдско драмско позориште.

Фестивалот осум дена беше празник на театарскиот миг во земјава.

Достоинствено е одбележан јубилејот, а публиката е со децениско искуство да препознае театарска уметност.

Потребата за надградување на современата македонска театарска сцена е секојдневна.

 

Елизабета Митреска