Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

На 12.06.2026 година во 13:00 часот, на автопат А-2, обиколница Скопје, помеѓу клучка Волково и клучка Кондово, согласно одобрение од Министерството за транспорт, извршена е времена измена на режимот на сообраќај поради санација на потпорни ѕидови.
Сообраќајната лента за претекнување е затворена, а сообраќајот се одвива по лентата за возење и лентата за присилно запирање. Поставена е соодветна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
